Tuesday, January 8, 2008

ТРАНСПОРТ

Полагање на испити



Почитувани,

Соглaсно член 8-а од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/04 и 127/06) и член 4 од Правилникот за начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот или од него овластено лице одговорно за превоз, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за професионална компетентност, (Службен весник на Република Македонија бр.39/07), Министерството за транспорт и врски Ве известува дека полагање на испитите за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот или овластеното лице одговорно за превоз ќе се одржи на следните термини:

· 8 февруари 2008 година во 17 часот

· 29 февруари 2008 година во 17 часот

· 28 март 2008 година во 17 часот

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Министерството за транспорт и врски најдоцна 10 дена пред одржувањето на испитот. Полагањата ќе се одржат во сала 1 на 5-ти кат во Стопанската комора на Македонија.

Соглaсно член 100-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 127/06) лицата кои имаат најмалку пет години работно искуство во транспортот како управител или овластено лице одговорно за превоз и високо образование, се ослободуваат од полагање на испитот за добивање на сертификат за професионална компетентност и истите треба да достават документација до Министерството за транспорт и врски со која ќе докажат дека се ослободени од полагање на испитот.

За сите дополнителни информации можете да контактирате на телефон 02/3112-735.

Со почит,

Комисија за спроведување на испитите
за добивање сертификат за професионална компетентност
на управителот или овластеното лице одговорно за превоз

http://www.mtc.gov.mk/

No comments: