Платните системи во Република Македонија
Општо за платниот систем
Платниот систем претставува збир на инструменти, процедури и инфраструктура за пренос на пари. Тој е од големо значење за сите економски субјекти бидејќи овозможува брзо и ефикасно извршување на плаќањата во националната економија.
Платниот систем во Република Македонија може да се претстави шематски на следниот начин:

На врвот на платниот систем е централната банка, која ги води сметките на депозитните институции - банките. Централната банка во платниот систем има оперативна функција, развојна функција и функција на надгледување на другите платни системи во земјата.
На следното ниво се банките кои ги водат сметките на останатите правни и физички лица. Сметките се водат децентрализирано - секоја банка за своите клиенти. За извршување и промптно порамнување на плаќањата со големи вредности и итните плаќања помеѓу банките се користи системот на централната банка. За пребивање на плаќањата со мали вредности се користи специјализирана институција - Клириншка куќа за мали плаќања, а резултатите од пребивањето подоцна се порамнуваат во системот на централната банка.
Платниот систем во Република Македонија е составен од следните подсистеми:
- МИПС (Македонски Интербанкарски Платен Систем) - Систем за бруто порамнување во реално време (РТГС) за обработка на плаќањата со голема вредност и итните меѓубанкарски плаќања.
- Клириншки Интербанкарски Системи - КИБС - Систем за одложено нето порамнување (ДНС) за обработка на плаќањата со мала вредност.
Овие подсистеми се функционално поврзни и сите нивни активности се одвиваат со однапред дефинирани начини на функционирање и по строго утврден термински план.

No comments:
Post a Comment