Saturday, April 12, 2008

С О О П Ш Т Е Н И Е

До

Јавните медиуми Скопје, 10.04.2008 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

на

НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 10.03.2008 година, "Граѓанска штедилница" ДОО Скопје, со седиште во Скопје на улица "Даме Груев" број 10, до Народната банка достави Барање за добивање согласност за престанување со работа.

Со решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 2326 од 28.03.2008 година е издадена претходна согласност на Одлуката за престанување со работа, бр. 05 од 20.03.2008 година, донесена од Собирот на содружници на "Граѓанска штедилница" ДОО Скопје. Со истото решение е утврдено дека се исполнети условите за спроведување на ликвидациската постапка на Штедилницата и е укината дозволата за нејзино основање, издадена со Решение на гувернерот на Народната банка бр. 02-14/37-96 од 26.02.1996 година.

Кабинет на гувернерот